Oвоштарите од Росоман меѓу првите ќе добијат обесштетување за измрзнувањето лани (ВИДЕО)
24-03-2022 РЕГИОН

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо НИколовски во придружба на градоначалникот на Росоман Стојан Николов имаше работна средба со земјоделците од росоманскиот крај на плантажите на Душан Ќириќ.

 

Во придружба на министерот беше и поранешниот министер Трајан Димковски како и директрот на државниот инспекторат за земјоделство Зоран Шапуриќ. Министерот Николовски истакна дека имале многу работа пред се да вратат стар долг од 350 милиони евра, долг кој го создала некоја друга гарнитура и напомена дека Росоман е една од петте општини кои први ке ги добијат средствата за обештетување од измрзнување за 2021.

 

Станува збор за 729 баратели кои ке добијат околу 33 милиони денари. Оваа гарнитура во министерството за земјоделие во услови на светска економска криза, војни и затворени граници ке реализира пилот програма за авансно плаќање на субвенциите. Овоштарите ке бидат први годинава кои ке добијат 30 % авансна исплата на субвенциите за тековната година. На крај министерот со својот тим ги сослуша проблемите, предлозите и сугестиите од присутните земјоделци.

 

 

Потоа тимот од министерството занмина за Росоман каде имаше разговори со откупувачите на праски околу пласманот на истите во услови на војна и затворени граници како и за изнаоѓањето на алтернативни пазари за пласман на остите.

 

Мики  Виденовиќ

 



Share

Додади коментар