Иако Законот за основно образование не содржи одредба која налага задолжително носење на униформи во училиштата,вработените во ова училиште по иницијатива од Директорката Ѓурѓица Алексова и одлука на наставнички совет, а во согласност со правилникот за облекување на училиштето, од месец октомври почнаа со носење на униформирана облека. Ова е едно од ретките училишта во Р.Македонија каде што вработените имаат унифицирана работна облека.
Професионалниот,пристоен и примерен изглед ,достоен за професијата треба да биде пример за многу училишта во регионот.Со цел намалување на социјалните разлики и заштита на приватната облека, во блиска иднина по одлука на Совет на родители донесена врз основа на резултати од спроведена анкета на родителски средби и учениците ќе добијат свои униформи.Така ралики нема да има. Наставниот кадар веќе дава модерен, европски истовремено и еднакво примерен изглед кој со униформирани ученици само ќе ја надолоплни сликата на современо модерно училиште каде сите се исти.Со тоа училиштето ќе добие и комплетен имиџ по европски стандарди!Примерот би требало да го следат и останатите.
М.Младенова
Додади коментар