Советот за превентива против малолетничка деликвенција од Кавадарци продолжува со праксата што повеќе млади од Македонија да учествуваат во размени на млади од земјите од Европската Унија и Балканот.
Една таква размена се реализира минатиот месец во периодот од 19 до 27 август во склоп на програмата Еразмус Плус во која осум млади од Кавадарци и Неготино престојуваа во Словенија во градот Чрномељ. Мешу 42 учесници од Словенија, Германија, Шпанија, Хрватска и Турција беа и младите македонци: Ѓорѓи Стефанов лидер на македонаскиот тим, потоа Стефан Тодоров, Тоде Крстев, Анастасија Цуцулова и Андријана Стојановска од Кавадарци и Симона Миладинова, Димитар Стојчев и Кристијан Петров од Неготино.
Размената на млади во Словенија овој пат на тема „Ревитализација на парковите во Чрномељ“. Имено градот Чрномељ има три паркови и тоа Гричек, Јурјеванска драга и Мајер кои до пред дваесет години биле полни со посетители но со тек на времето се повеќе се празнат затоа што социјалниот живот на младите се префрлил на социјалните мрежи. А стапката на невработеност станала висока. Целта на овој проект со наслов „Ревитализација на парковите во Чрномељ е да се зголеми свеста кон вклучувње на постоечките ресурси кон подигање на квалитетот на животот.
Учесниците на оваа размена на млади презентираа традиционални игри од своите земји, спортруваа и организираа различни социјални настани вклучувајќи ја тука и интеркултурната вечер на која секоја земја учесничка ги претстави своите традиционални кулинарски специјалитети, песни поезија и култура.
Македонската екипа се претставуи со македонскиот ајвар,овошни џемови и слатка, тиквешките вина и ракии, народните ора и песни зачинети со стиховите на Кочо рацин и Константин Миладинов вели лидерот на тимот Ѓорѓи Стефанов . Исто така се одржа и работилница на тема„Улогата на спортот, културата и јавните места во социјалното интегрирање . Во рамките на размената сите учесници имаа можност да ја видат реката Колпа која е природна граница меѓу Хрватска и Словенија, потоа градот Љубљана каде беа гости на Европската куќа и каде на главниот плоштад изведоа флешмоб. Преку сите активности нашите членови на Советот за превентива против малолетничка деликвенција се стекнаа со нови вештини и способности, склопија многу нови пријателства, и на крајот добија сертификат Јутпас.
Мирјана Мукаетова

Додади коментар