Maкедонија од денеска и официјално е 30-та членка во НАТО
17-03-2020 МАКЕДОНИЈА
По речиси три децении стремежи, Македонија од денеска и официјално е 30. членка на НАТО.
Среде кризата со коронавирусот кога целата земја е ставена во 15-дневен карантин, шпанскиот Сенат, едногласно и по електронски пат, го ратификуваше Протоколот за членство на Македонија во НАТО.
„Ова е историски ден. После три децении, денеска завршуваме со стремежот да бидеме дел од НАТО семејството. Ратификацијата сега ќе се испрати до Стејт департментот, од каде ќе се достави известување до седиштето на НАТО во Брисел. Нашето членство ќе значи поголеми регионални безбедност и стабилност. Ова е заеднички успех на сите граѓани и инвестиција во идните генерации“, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров..

Додади коментар