Kривична пријава за кавадарчанец кој крадел вода од Лукар и го наводнувал лозјето
23-09-2019 РЕГИОН
Полициската станица Кавадарци поднесе кривична пријава против З.Ј.(45) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“ на вода, казниво по член 235 став 1 во врска со член 122 точка 17 од Кривичниот законик.
Пријавениот, пред околу 10 години, без одобрение од Јавното претпријатие „Комуналец“ од Кавадарци, на место викано „Катуниште“, со спојка и црево долго неколку стотици метри се приклучил на одводна цевка која излегува од хидроцентрала бр.3 и во период од 10 години ја користи водата за наводнување на неговиот лозов насад со површина од 4282 метри квадратни, информираат од МВР.
Додади коментар