Во рамки на неделата на црвен крст која се одбележува до 15 ти мај денеска во просториите на општинската организација на црвен крст Кавадарци се реализираше доброволна крводарителска акција.Институтот за трансфузиона медицина беше одговорен за успешната реализација, а крв слободно даруваа сите заинтересирани граѓани. Се проверуваше крвниот притисок, телесната тежина, нивото на хемоглобин во крвта, здравствената слика кај секој дарител.
Промената на времето често знае да реагира најмногу кај крвниот притисок па затоа без негова проверка институтот не практикува крводарување велат лекарите. Право да даруваат крв имаат сите, но сепак за тој чекор одлучува здравствената состојба на дарителот. Ако нашата проценка вели дека тој во моментот не смее да дарува крв, тука иницијативата запира додаваат тие. Ваква ситуација денеска институтот немаше.Според нив дарителите на денешната акција се со одлично здравје.Задоволни од одзивот беа и од таму и од кавадарачкиот крст.
Секретарот Розе Илова потенцира дека во рамки на неделата на црвен крст активности ќе има до петок, а утре за црвениот крст и неговата функција ќе учат најмладите од детската градинка Рада Поцева кој ќе имаат можност да ја посетат најголемата хуманитарна организација.
М.Младенова

Додади коментар