Kожувчанка донира 15.000 литри вода за поплавените во Тетово
04-08-2015 РЕГИОН

Кавадаречката компанија „ Кожувчанка “ уште еднаш ја покажува својата хумана и општествено-одговорна страна.

 

„ После вчерашните обилни врнежи од дожд и поплави во Тетово и регионот околу тетовско и нанесените материјални и нематеријални штети на голем број од населението, „ Кожувчанка“ Кавадарци како компанија која секогаш ја покажува својата хумана и општествена одговорност и овој пат се реши да донира 15 000 литри Изворска негазирана вода се со цел да се помогне колку што е можно повеќе за настраданите од овој регион и искрено се надеваме дека нашите постапки ќе ги следат поголем број од компаниите во земјата “- се вели во соопштението од кавадаречката компанија.

 

Целиот тим на Кожувчанка се надева дека даваат пример на сите оние компании од земјава кои можат да помогнат времено, на сите оние на кого му е најпотребно.

M.A



Share

Додади коментар