KОВИД 19: Тројца починати, 42 нови случаи во Тиквешијата
15-11-2020 РЕГИОН
Вкупно 42 нови позитивни на корона вирус до 12.30 часот денеска, се дијагностицирани во изминатото деноноќие во тиквешкиот регион, информираа од Центарот за јавно здравје во Кавадарци. Позитивните се на возраст од 18 до 79 години.
„Во Кавадарци има 19 нови случаи, 15 во Неготино, 5 во Росоман и 3 во Демир Капија“ информира епидемиолог, д-р Ристе Јовановски.
На ковид одделот во кавадаречката болница починале три лица, двајца од Кавадарци на возраст од 67 и 78 години и еден од Неготино на 74 годишна возраст. Сите имале сериозни коморбидитети- информираа од болницата.
Во моментов на ковид одделот има слободни 20 болнички кревети.
А.Д

Додади коментар