Kата тимот на КК „Урбан инвест“ балкански прваци
07-06-2016 РЕГИОН

Kарате клубот „Урбан инвест“ продолжува да жнее успеси. На балканското првенство во Србија каратиситите на Урбан инвест покажаа дека се најдобри на Балканот.

 

Тие постигнаа одлични резултати на Балканското првенство во Белград –Србија што се одржа од 27 до 29 мај 2016. На натпреварувањето т учествувале  831 натпреварувач од 11 држави: Македонија, Србија, Црна Гора, Турција, Бугарија, Словенија, Хрватска, Албанија, Босна и Херцеговина, Романија и Косово.

 

Ката тимот 13/14 години во состав Владанка Аврамова, Ивона Муфтарова и Миа Маневска повторно покажаа дека се најдобри на Балканот и се искачија на највисокото место на пиедесталот. Во првото коло ја победија репрезентацијата на Србија со 5:0, во второто коло репрезентацијата на Црна Гора со 4:1, и во финалниот меч ја победија репрезентацијата на Босна со 3:2, која претходно ја победи репрезентацијата на Турција со 3:2.

 

Спонзорот на клубот, компанијата „Урбан инвест“ е горд на овие големи постигнувања. Сопственикот Јован Грков на прес конференција им честита на успехот и најави дека подршката ќе продолжи и во наредниот период.

Извршниот директор на „Урбан Инвест“, Александар Сеизов на прес конференцијата рече дека комапнијата и понатаму ја продолжува општествената одговорност. Најави подршка и понатаму за каратистите, а апелираше и другите комапнии да покажат општествена одговорност.

 

Голем дел од успехот се должи и на тренерот на овие млади деца. Ивана Аврамова е горда на своите каратисти. Рече дека успехот бил заеднички, како на спонзорот, нејзин, така и на децата кои редовно тренираат.

Младите каратисти не го криеја задоволството од тоа што се балкански прваци. Рекоа дека тренираат по неколку дена во неделата, но резултатот е повеќе од задоволителен. Тие со јавноста ги споделија своите впечатоци од балканското натпреварување каде станаа прваци.

 

За потсетување,  оваа е четврти  медал од Балканските натпреварувања на ката тимот:

- 2013 година, златен медал, 2014 и 2015 бронзен медал и 2016 година златен медал.

Покрај ката тимот и младите машки натпреварувачи успејаа да се изборат за медал, на балканското првенство.

Ката тимот 11/12 години во состав: Петар Аврамов, Никита Николоски и Лазар Стоев го освоија бронзениот медал победувајќи ја репрезентацијата на Турција со 3:2.

Тренерот и каратистите во знак на благодарност добија подароци од спонзорот на клубот и силна подршка за нови успеси и нови медали и пехари кои ќе го афирмираат клубот, општината Кавадарци и Република Македонија.



Share

Додади коментар