Kавадарци домаќин на 25-от државен натпревар по прва помош
16-09-2016 РЕГИОН

Течат последните подготовки за 25 от по ред државен натпрева по прва помош на кој годинава домаќин е Кавадарци односно ОО на Црвен Крст. Од таму потенцираат дека оваа година Светскиот ден на првата помош е посветен на децата, пред се за да научат да укажат прва помош на своите врсници, семејства и во заедницата, да ги прошират своите знаења и вештини за укажување прва помош и да бидат подготвени за спасување на детски животи при незгоди или итни состојби.

 

Свеченото отварање на натпреварот ќе биде утре со почеток од 10 часот во СС.Јасмин, од каде натпреварувачкиот дел од 10.45 продолжува на градскиот парк информира Розе Илова секретар на црвен крст Кавадарци. Од неа дознаваме ќе се натпреваруваат вкупно 28 општини од Македонија со исто толку екипи годинава под мотото ,,Првата помош за и од децата,,.

 

Засега организаторот открива дека натпреварувањето ќе се одржи на две траектории за натпреварување А и Б. Секоја екипа  ќе има свој водич кој подетално ќе ја објасни локацијата и динамиката на натпреварувањето. Екипите ќе се натпреваруваат на 7 бази, од кои 4  од областа на првата помош, 2  од забавно рекреативен карактер и 1 база со  тест од областа на дисеминацијата. Базата на дисеминација исто така ќе има натпреварувачки карактер.

 

Црвениот крст на Република Македонија секоја година посветува големо внимание на едукацијата на младите ученици од основните и средните училишта низ целата територија на РМ како да дадат прва помош на соодветен и хуман начин.  Најдобрите младински екипи, утре ќе имаат можност да ги покажат своите вештини во укажувањето на прва помош при различни видови на реалистично прикажани повреди и реанимација на срцево-белодробно оживување, појаснува Илова.На државниот натпревар утре предвидено е обраќање на градоначалникот Александар Панов.За отворен ќе го прогласи претседателот на Црвен крст на РМ Милчо Трајков,рангирањето на екипите ќе биде задача на претседателот на организациониот одбор на државниот натпревар Огнен Костовски, а пехарите на најдобрите ќе ги додели секретарот на републичкиот Црвен крст Саит Саити.

 

Mилица Младенова

           

 

 



Share

Додади коментар