Од денеска и официјално сите гости на Кавадарци имаат место каде можат да ги добијат потребните информации за пријатен претстој во градот на грозјето и виното. Општината го отвори ова биро со цел туристите полесно да ги запознаат сите богатства и убавини кои ги има градот и Тиквешијата.
Градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев кој официјално денеска го пушти во работа туристичко- информативното биро нагласи дека општината подготвува и програма во која ќе биде вклучена целата туристичка понуда на градот и општината.
Крсте Соколов, вработен во бирото е задолжен да ги споделува сите потребни информации со туристите. Тој во изјавата за медиумите рече дека ќе се работи и на интензивно привлекување на туристи во Кавадарци и Тиквешијата.
Соколов информира дека денеска во Кавадарци пристигнале и првите туристи за кои официјално се знае. Рече дека станува збор за луѓе од Австрија кои на изложбата на олд тајмери во рамки на гроздоберот ќе настапеле со уникатен модел на БМВ.
Просторот каде што е сместено туристичко - информативното биро, во центарот на градот општината го доби бесплатно, а изградбата на истото е донација од компанијата „Дан-пласт“.
А.Д
Додади коментар