Лицето, преку коментар на социјалната мрежа Фејсбук, упатил закана кон актуелниот градоначалник на Кавадарци дека „нема да умре од болест или старост“.
Осомниченото лице претходно е осудувано за повеќе кривични дела за закани кон градоначалникот и неговото семејство. По предлог на надлежниот јавен обвинител, судијата на претходна постапка му определи мерка куќен притвор во траење од 8 дена на осомничениот - се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.
Додади коментар