Eкс градоначалникот на Кавадарци не е уапсен - извршен е претрес
07-08-2019 РЕГИОН

Полицијата денеска извршила претрес во домот на поранешниот градоначалник на Кавадарци, Александар Панов и одзеле неколку папки со монети. Тој бил на разговор во полиција, но не е уапсен како што објавија некои медиуми.

 

„Станува збор за модерна нумизматика. Пријавата најверојатнмо е злонамерна со тенденција да ми се наштети. Во збирките нема стари монети. Инаку збирката ја собирам од дете речиси 40 години. Неколку папки со монети се одземени и однесени во полицијата на вештачење“ ни изјави во телефоснски разговор Панов.

 

Смета дека не станува збор за политичка пресметка, туку дека пријавата била лична.

 

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски не одговараше на нашите повици за да ја добиеме и информацијата од МВР/А.Д



Share

Додади коментар