Под мотото „Ракавици, кеса, селекција. Сите во еко акција“ ротари клубовите во Македонија реализираа еколошка акција за чистење на јавни површини од отпадоци во рамки на ротари денот.
Ротаријанците од Кавадарци акцијата ја реализираа на градскиот парк, а еко акцијата паралелно се одвиваше во 13 градови.
„Целта на оваа еко акција не е само чистење на одредени локации, туку и преку дружење на ротаријанците заедно со сите граѓани и случајни минувачи да се подигне свеста како и перцепцијата за чиста околина и значењето да се има чист град. Акцијата се реализира во соработка со Пакомак“ рече претседателката на ротари клуб Кавадарци, Зорица Ставрова.
Активни денеска беа и ротаријанците од Неготино. И членовите на овој ротари клуб се вклучија во чистењето на јавни површини.
А.Д
Додади коментар