Eдно лице од Кавадарци транспортирано на Инфективна клиника
20-03-2020 РЕГИОН
Едно лице од Кавадарци денеска по сите епидемиолошки протоколи е транспортирано на Клиниката за инфективни болести во Скопје, потврди д-р Ристе Јовановски од Центарот за јавно здравје Кавадарци.
Според првичните информации, лицето имало позитивен резултат за Covid 19. Тестот бил направен во приватна здравствена установа. Земен е нов брис и се чекаат резултатите од Институтот за јавно здравје, чија лабораторија е референтна за тестирање од корона вирусот.
А.Д

Додади коментар