Продолжува да се зголемува бројот на позитивни на корона вирусот во тиквешкиот регион. За изминативе 24 часа во статистиката на Центарот за јавно здравје Кавадарци се евидентираат 49 нови случаи.
Во Кавадарци има 32 нови позитивни, еден во Росоман, 12 во Неготино и 4 во Демир Капија.
„Новите позитивни се на возраст од 16 до 81 година. Меѓу нив има позитивна негувателка од детска градинка во Неготино, поради што во изолација се 8 деца и една негувателка. Исто така позитивен е и наставник од основно училиште во Кавадарци, кој држел настава од далечина. Има едно починато лице од Кавадарци на возраст од 61 година“ информира епидемиолог д-р Ристе Јовановски.
Во ковид одделот во изминатите 24 часа примен е еден нов пациент и во моментот на лекување се вкупно 51 пациент во стабилна општа состојба.
Во Кавадарци од вкупно 1510, активни се 577 случаи, а во Неготино од 747, активни 365 ковид позитивни.
А.Д
Додади коментар