Уште двајца здравствени работници се меѓу новите 45 позитивни случаи на корона вирус во Тиквешијата дијагностицирани во изминатото деноноќие.
„Во Кавадарци има 29 нови, двајца во Росоман и 14 во Неготино. Нивната возраст е од 13 до 77 години. Починато е едно лице од Кавадарци на 56 години на скопските клиники“ информира епидемиолог д-р Ристе Јовановски.
Во Кавадарци активни се 569 случаи на корона вирус од вкупно евидентирани 1960.
Во Неготино од вкупно 949, активни 344 (150 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија).
Вчера ИЈЗ евидентира 2 оздравени во Кавадарци и 1 во Неготино.
„Во тек на вчерашниот ден на ковид одделот се хоспитализирани нови тројца пациенти. Во моментов таму на лекување се 39 пациенти во стабилна општа состојба.
А.Д

Додади коментар