Cлободанка Танева дебитант на Макфекст
18-09-2020 ЗАБАВА
Младата кавадарчанка Слободанка Танева, пред која е голема музичка кариера, во сабота ќе настапи на годинашново издание на фестивалот „Макфест“ во Штип. На ова прво нејзино појавување на музички фестивал, ќе настапи со песна насловена „Рамдам дари дам“ потпишана од Ѓорѓи Крстевски и Лидија Крствевска.
Танева, е при крај со музичката академија, отсек соло пеење, каде наскоро и ќе дипломира. Во 2007 година таа настапи на детскиот фестивал „Златно славејче“ со песната „Волшебно оро“. Оваа млада кавадарчанка поседува извонредни гласовни можности и се надеваме дека многу почесто ќе ја гледаме на нашата музичка сцена и во наредниот период ќе реди многу хитови и успеси.
A.Д
Додади коментар