Надлежните субјекти за превенција и заштита од пожари на отворен простор упатуваат апел до граѓаните и правните субјекти да внимаваат при престој и извршување на работи на отворени места или при работни активности во лозови и овошни насади, шуми и други локации и друга вегетација.
Поради високите температури и зголемената опасност од појава на пожари се апелира да не се палат стрништа или оган на отворен простор, меѓи и други површини, да не фрлаат шишиња и друга стаклена амбалажа и отпад. Да не се врши палење на отпад и да не се фрлаат остатоци од цигари на отворен простор.
Граѓаните и правните лица да преземат мерки за отстранување на горливиот материјал околу и во близина на станбените, стопанските и други објекти.
Секој граѓанин и правен субјект доколку ги преземе потребните мерки за превенција за заштита од пожари и не презема дејствија со кои ќе предизвика појава и ширење на пожари на отворен простор, придонесува за заштита на природните добра, шума и останата вегетација од уништување и заштита на животната средина од загадување.
Истовремено, ги потсетуваме граѓаните, доколку забележат оган или дим, веднаш да ги известат надлежните служби во најблиските институции и установи или да се јават на бесплатните телефонски броеви: 193 - територијална противпожарна единица Кавадарци, 192 - полиција и 195 број за итни повици на Центарот за управување со кризи и доколку се во можност да пристапат кон гасење на истиот.
Се известуваат граѓаните и правните лица дека од 03.08.2021 година стапува на сила забраната за движење во шуми.
Лицата кои ќе се затекнат како палат оган на отворен простор или пак поради не внимание предизвикале пожар, подлежат на законски санкции.
За намерно предизвикување на пожари предвидени се кривични пријави, парични и затворски казни.
Додади коментар