Aкција на полицијата за безбедносни појаси
24-02-2015 РЕГИОН

Денеска на целата територија во надлежност на СВР Велес беше спроведена превентивна акција во која се контролираа возачите и користењето сигурносен појас. Акцијата е во рамки на кампањата на МВР ,,Почитувај ги правилта, почитувај го животот,, а целта е да се зголеми собраќајната култура како би се намалиле и незгодите. Дека кампањата дава резултати потврдува потпаролот на СВР Велес Анита Стојковска, која ги потенцира приоритетите, но и статистиката за изминатата 2014 година и јануари 2015-та.

 

Активно превентивната акција за сигурносниот појас денеска се спроведуваше и на територијата на Кавадарци.Се контролираа возачите низ централното градско подрачје. Дали ги почитуваат сообраќајните правила контролираа полициските службеници од одделението за превенција при ПС од ОН Кавадарци.

М.Младенова



Share

Додади коментар