Општината Кавадарци деновиве привршува со реализацијата на проектот за подобрување на старата мрежа од Јавното улично осветлување во градот. Досега се реализирани над 90% од предвидените работи.
Проектот има за цел да го подигне нивото на осветлување на улиците, и да заштеди на потрошувачката на електрична енергија. Ангажираната оператива за одржување на Јавното улично осветлување во изминатите шеесет дена работеше на замена на старите ЛЕД ламби со нови ЛЕД ламби, како и на монтажа на високоефикасни ЛЕД ламби со јачина од 19 W.
Проектот опфати 30 улици со 41 локација, каде досега се изврши замена на вкупно 300 светилки. Со ова се создаваат услови за непречено и безбедно движење на граѓаните во ноќните часови. Паралелно со овие активности се одвиваше и тековното одржување на мрежата од јавното улично осветлување во градот и селата - информираат од локалната самоуправа.
Во општината во тек е тендерска постапка за подобрување на уличното осветлување во градот и населбита околу Тиквешкото езеро за изградба на нови линии во мрежата.
Додади коментар