Oпштинската комисија за проценка на штети во земјоделството од денеска започна со работа. Ќе постапува по 79 барања кои земјоделците од општина Кавадарци ги доставиле до општината за претрпена штета на лозовите и овошни насади од пролетните мразеви.
Најмногу пријави, 44 има од земјоделците чии површини се наоѓаат во атарот на селото Сопот. Вкупно 44 барања за увид на самото место. 22 барања се однесуваа на површини во атарот на селото Раец, а 6 барања се однесуваа за атарот на село Фариш. До Општината пристигнаа и барања за увид на оштетени насади и во атарите на селата Бегниште, Марена, Глишиќ и Шивец – информираа од Службата за односи со јавноста при општина Кавадарци.
Почнувајќи од денеска Општинската Комисија во состав: Васко Керов-агроном експет-претседател, потоа Зоран Јованчев, Влатко Клинчаров и Слободан Ивановски сите членови на Советот, како и Ванчо Колевки претставник од Општината ќе бидат присутни на теренот. Тие на самото место ќе вршат проценка на штетите од пролетните мразеви на сите пријавени имоти.
Се очекува проценката да се одвива во наредните седум дена, по што комисијата ќе изготви елаборат кој потоа ќе го достави на увид и усвојување на Советот на Општина Кавадрци.
По завршувањето на оваа постапка општинатаусвоените проценки ќе ги достави до Министерството за Финансии.
А.Д
Додади коментар