78 години од формирањето на партизанскиот одред „Добри Даскалов“
14-05-2021 РЕГИОН

Делегации од сојузот на борци Кавадарци и Неготино денеска положија цвеќе на споменикот кој сведочи за формирањето на првиот партизански одред Добри Даскалов во село Бојанчиште.

Денес  се навршуваат 78 години од формирањето на  овој одред.

 

Историтчарот Петре Камчевски потсетува дека по долги и сериозни подготовки на овој ден 1943 година на планината “Вишешница“ во близина на Полошкиот манастир е формирана оваа партизанска единица. Штабот на одредот го сочинуваат: Никола Минчев-командант, Лазар Калајџиески-заменик командант, Димката Габерот-политички комесар и Петар Пепељуговски-зам. полит. комесар.

 

За кратко време одредот врши неколку значајни акции со кој му нанесува сериозни загуби на бугарскиот окупатор. На 14 мај-Ресава, 17 мај-Гарниково, 18 мај-Бојанчиште, караулите Шаренка и Порта, Драгожел, Драдња, Шешково, Праведник, Галиште итн. За да го уништи одредот окупаторот презема голема офанзива во која вклучува 12.000 војници, полицајци и контрачетници. Одредот претрпува сериозни загуби, загинаа: Блажо Тодоровски-Чичето, Димката Ангелов-Габерот, Ило Виларов, Пано Мударов, Стојан Крстев и др. Во помали групи поради силниот притисок и постојаните борби борците се префрлуваат во Егејска Македонија каде се врши обука на борците, тактичко-маневарски вежби и политички предавања, а во помали групи се префрлуваат во Тиквешијата и вршат помали акции. Со одлука на ГШ на НО војска и партизански одреди на Македонија од одредите “Добри Даскалов“ и “Сава Михајлов“ и делови од битолскиот одред “Гоце Делчев“ на 24 септември 1943 година е формиран баталјонот “Страшо Пинџур“.



Share

Додади коментар