77 годишен кавадарчанец почина на ковид одделот во кавадаречката болница
11-11-2020 РЕГИОН
Уште еден кавадарчанец ја загубил битката со корона вирусот во текот на вчерашниот ден, информираа денеска од болницата во Кавадарци.
„Починат е 77 годишен пациент кој се лекуваше на ковид одделението во нашата болница. Во моментов се хоспитализирани 47 пациенти со средно-тешка клиничка слика и има слободни уште 13 болнички кревети“ информира директорот на кавадаречката болница, д-р Диме Коцев.
Во текот на вчерашниот ден беше направено уште едно проширување на ковид одделот за 10 болнички кревети, со што сега во болницата има место за вкупно 60 ковид позитивни пациенти.
А.Д

Додади коментар