На 7 септември 1944 година во попладневните часови борците на Деветтата македонска бригада со 4 баталјони влегоа во Кавадарци и скоро без борба го зазедоа градот, со што Кавадарци беше ослободено од фашистичката окупација.
На митингот на кој пресуствувало целото население од градот говореле Најдо Стаменин-Орлов, командант на бригадата и Ристо Стојанов-Железни, нејзин политички комесар.
Долго очекуваната слобода била скапо платена. Во текот на НОВ и револуцијата 1941-1945 загинаа 333 борци и жртви на фашистичкиот терор. Тројца од нив Страшо Пинџур, Ќиро Крстев и Блажо Тодоровски се прогласени за народни херои.
По повод денот на ослободувањето делегации предводени од градоначалникот Митко Јанчев, и останати претставници на општествено-политичкиот живот на градот положија свежо цвеќе на споменикот на револуцијата на градскиот плоштад.
Додади коментар