НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 10 јуни 1943 година во борба со бугарскиот окупатор загина првоборецот Димката Ангелов-Габерот, една од најомилените историски личности во целиот тиквешки крај. – потсетува директорот на Музеј Галерија Кавадарци, Петре Камчевски.
Роден е во с.Ваташа 1916 година. Учител по професија, а во 1936 г., остро му се спротивставил на министерот за здравје и социјална политика Драгиша Цветковиќ на митингот во Кавадарци, бранејќи го угнетениот македонски селанец.
По окупацијата бил секретар на Воениот и Масниот комитет на КП за Кавадарци, а во поч. на 1943 г. е назначен за политички комесар на штабот на Трета оперативна зона. Во патризанскиот одред “Добри Даскалов“ би избран за политички комесар, а го координира и формирањето на гевгелискиот одред “Сава Михајлов“.
Загина на 10 јуни 1943 г. кај месноста Клинска Леса во борба со бугарската војска заедно со соборците Ило Виларов, Пано Мударов и Стојан Крстев. До ден денеска на народот од Тиквешијата не му е јасно зошто Габерот не беше прогласен за народен херој, многу добро знаејќи дека тој тоа го заслужи.
Додади коментар