Делегации од сојузот на борци и останати претсавници на општествениот живот на Кавадарци денеска положија свежо цвеќе на споменикот на народните херои Киро Крстве и Димче Мирчев, со што се одебелжа 74-та година од нивната херојска смрт.
На 7-ми април пред 74 години во нерамноправна борба со буграскиот окупатор и домашните предавници херојски загинаа народните херои Киро Крстев и Димче Мирчев.
Киро Крстев - Страшо е роден во 1923 год во Кавадарци од занаетчиско и сиромашно семејство. И самиот подоцна немајќи материјални можности станува ковачки занаетчија. Бунтовен по природа не ја поднесува националната потчинетост на македонскиот народ од владеачката српска власт па се вклучува во илегалните македонски прогресивни младински движења. Интензивно се самообразува читајќи многу разновидна литература сакајќи да го надополни испуштеното образование.
Во 1941 год. по бугарската окупација на Македонија, Киро Крстев не мирува и се насочува кон новиот окупатор на македонскиот народ. Ковачкиот занает му е покритие за движењата не само низ Тиквешијата но и пошироко а во организирањето на македонскиот народ за вооружено востание. Врши интензивна набавка на оружје и други материјали за потребите на герилското македонско движење. Меѓу првите излегува со одредот “Добри Даскалов” и станува еден од неговите раководители и инструктори. Учествува во најтешките битки на одредот давајќи личен пример за храброст и пожртвуваност кон идеалите за слободата на македонскиот народ.
Пролетта 1944 год. илегално доаѓа во Кавадарци заедно со соборецот Димче Мирчев за прифат на нови младинци во македонските вооружени ослободителни редови. Во една од куќите каде треба да биде изведен прифатот тие се откриени од бугарските полициски и воени сили кои вршат брзо опколување со големи сили од близу 700 непријателски војници и полицајци. Започнува нерамноправна битка - повеќе од седум часа. Кога привршува муницијата Димче Мирчев самиот се убива, а Киро Крстев прави обид за пробив низ обрачот.
Успева да ја напушти куќата и го пробие обрачот но по стотина метри смртно е покосен од митралески оган дури во раните утрински часови на 07 април 1944 год. на улиците од неговиот непокорен роден град.
Херојскиот подвиг и држење на Киро Крстев остануваат светол вечен пример на неговите сограѓани и воопшто на македонскиот народ. За народен херој е прогласен на 20 Декември 1951 година.
Димче Ѓошев Мирчев бил македонски комунист, учесник во НОВ и организатор на НОВ во Велес. Прогласен е за народен херој на Југославија на 2 август 1949 година. Член е на СКОЈ од 1933 и на КПЈ од 1935 година. Во периодот 1936-1941 година организирал повеќе штрајкови во Македонија и во Србија. Повеќепати бил затворан.
Во 1941 година активно се вклучил во подготовките за оруженото востание. Бил член на Воениот комитет при МК на КПЈ за Велес, организатор за формирањето на Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“ (април 1942) и заменик-командант на Одредот (од септември истата година). По разбивањето на Одредот (во 1943 година) преминал во илегалност, а од февруари 1944 година заминал на работа во Кавадарци, како секретар на Обласниот комитет на КПМ за Кавадарци. Загинал во судир со бугарската полиција.

Додади коментар