73 лица во Тиквешијата починале од корона вирус од почетокот на пандемијата
26-01-2021 РЕГИОН

Педесет и две лица од Кавадарци и Росоман од почетокот на пандемијата починале поради компликации од корона вирусот, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје.  Заклучно до вчера во овие две општини дијагностицирани се вкупно 2472 позитивни на вирусот, а со него се избориле и веќе се водат како оздравени 2147 пациенти. Во моментов активни се 273 случаи.

 

Во Неготино евидентирани се вкупно 953 позитивни, од кои 19 починале, 840 се оздравени, а активни се 94 случаи.

 

Во Демир Капија во моментов се активни 26 случаи, а од почетокот на пандемијата регистрирани се вкупно 182 заболени.  Двајца починале, а 154 оздравеле.

 

Во ковид центарот на кавадаречката болница се лекуваат 17 пациенти, а еден 74 годишен пациент од Кавадарци починал.

 

Според податоците од ЦЈЗ Кавадарци заклучно до денес, оваа сезона има евидентирано само осум случаи на сезонски грип. Споредено со истиот период лани, имаме далеку помал број на ова сезонско вирусно заболување. Лани во статистиката се евидентирани на крај од јануари вкупно 69 случаи на грип.

 

A.Д

***********************************************************************************************

Извештај на ИЈЗ од 18 до 24 јануари, 2021г: Намалување од 28% на нови случаи и 12,7% на починати, споредено со претходната недела – паѓа и процентот на позитивни од тестирани

 

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 18 до 24 јануари 2021, тестирани се вкупно 11.036 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 21,8% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 1.727 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со намалување од 28% во однос на минатата недела.
 
Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=851; 49,3%), со неделна инциденца – 137,8/100.000. Највисока неделна инциденца од 190,5/100.000 е регистрирана во Кавадарци.
 
Процентот на позитивност во споменатиот период се движи од 9 до 19%, или во просек 14%, што претставува намалување од 2% во однос на минатата недела.
 
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=507, 29,4%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (n=299; 17,3%), 50-59 (n=298; 17,3%), 30-39 (n=287; 16,6%), и 20-29 (n=231; 13,4%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=32; 1,9%) и 10-19 години (n=73; 4,2%).

 



Share

Додади коментар