Почнаа подготовките за одбележување на 73 годишнината од февруарскиот поход во Кавадарци. И овој јубилеј традиционално со активности својствени за себе ќе го одбележи ПСД Орле Кавадарци. Од Орле информираат дека февруарската маршута во недела ќе стартува од местото викано Мушов Гроб, преку антена Смрдла, се до летувалиштето Михајлово.
Патеката која ќе се пешачи е средно тешка со околу 5 часа пешачење, а најкасно до четврток ќе се врши упис за сите заинтересирани информираат од планинарското друштво од каде додаваат дека тргнувањето од Орле во недела е закажано за во 7 и 30 часот. Февруарскиот поход е големо искуство не само за постојаните членови планинари, туку и за останатите особено учениците. Токму на него многумина од активните и долгогодишни планинари ги имаат направено првите чекори кон долгата планинарска патека и истражувањето на природата.На овој поход се раскажуваат искуствата од доживеаното во претходните години, предизвиците, желбите што ќе биде следно.
Некогаш основци или средношколци, денес активни планинари на Орле со низа освоени врвови, успеси издигнати високо над планина ќе раскажуваат и во недела за планинарскиот адреналин.Голем одзив очекува организаторот и искрено се надева дека годинава февруарскиот поход не само за членовите, предизвикќе биде и за граѓаните љубители на природата и за учениците.
М.М
Додади коментар