73 години слободно Кавадарци
07-09-2017 РЕГИОН

 

73 години слободно Кавадарци одбележуваат жителите на градот на грозјето и виното. По тој повод денеска делегации од локалната самоуправа предводени од градоначалникот на општината Александар Панов, советници, претставници од Здружението на борците и претставници од младите на СДСМ денеска претпладне положија свежо цвеќе на споменикот на револуцијата на градскиот плоштад.

 

 

Честитка до сите граѓани по повод денешниот празник на Кавадарци, упати градоначалникот Александар Панов.

 

Одбележувањето на 7 ми септември продолжува и вечерва. Советот на општина Кавадарци ќе одржи свечена седница на која ќе бидат доделени седмосептемвриските награди.

 

На денешен ден во 1961 година, по повод празникот на градот е предаден во употреба споменикот на 12-сте ваташки младинци во Моклиште, а во 1976 година започнува со работа музеј галерија Кавадарци./А.Д



Share

Додади коментар