Со една минутно молчење денеска им беше одадена почит на сите загинати борци од одредот “Добри Даскалов“. На спомен костурницата во градскиот парк во Кавадарци цвеќе положија претставници од Сојузот на борци, претседателката на советот на општина Кавадарци, советници и останти претставници на општествено политичкиот живот на градот. Историски час за борбениот пат на одредот говореше директорот на музеј галеријата Кавадарци, Петре Камчевски. Тој нагласи дека Кавадарци е еден од ретките градови во Република Македонија каде имаше формирано партизански одред.
„Една група револуционери од Ваташа и Кавадарци на 28 септември 1941 година во месноста Раштани формират партизански одред и полагаат партизанска заклетва формиран е и штаб на одредот. Но поради не добрата координација со покраинското и месното раководство одредот не ја изврши својата прва акција и за кратко време беше расформиран. Активностите продоолжуваат во текот на 1942 година, а ообено се интензивираат во 1943 година . На 7 јануари 1943 година е одржан заеднички состанок помеѓу месните комитети на Кавадарци, Неготини и воените комитети е донесено решение што е можно поскоро да се формира партизански одред. Така една група револуционеримеѓу кои Мито Хаџи Василев Јасмин, Димката Ангелов Габерот , Никола Минчев, Благој Крстиќ, Блажо Тодороовски Чичпето, Горчо Дуков цел месец се наоѓаат на терен по горниот тек на Црна и барат погодни места за база, ги провеуват сите пештери скривиници и места за логори за одредот. Во почетокот на мај 1943 започнуваат да излегуват првите партизани во одредот Вишеница. На денешен ден пред 72 години на свечен начин во присуство на околу 60 -тина борци е формиран партизанскиот одред „Добри Даскалов“. Името го добива на предлог на Димката Габерот. Според нашиот револуционер и војвода Добри Даскалов со што јасно се дава до знаење дека тогашните партизани ја продолжуваат борбата на своите предци, илинденците од 1903 година“ рече Камчевски.
За командант на одредот е избран Никола Минчев. Политичкли комесар Димакат Ангелов Габерот, Заменик командат бил Лазо Калајџиевски - Добри, заменик политички комесар Петар Пепељуговски. Во составот на одредот има борци од Кавадарци Неготино,, Ваташа Шивец, Радња, од Велес, Скопје и Прилеп.
Уште на денот на формирањето одредот ја извршува и првата борбена акција. Десетина од одредот заминува во селото Ресава каде треба да се прибере одреднео количество оружје и храна за броците. Но поради недоволното војничко искуство и поради не добрата координација, во судар со една бугарска патрола одредот ја дава и првата жртва. Загинува Фердо Росомански - Нано. Во наредниот период одредот врши неколку многу успешни акции. На 17 мај акција во село Грниково, на 18 мај во селото Бојанчиште каде се убиени 8 бугарски поицајци, а од страна на партизаните загинуваат Миле В`чков и Лазо Стојанов, а наредниот ден е фатен ранетиот партизн Цано Поп Ристов и е стрелан во селото Бојанчишпте. Потоа следува акцијата за разоружување на бугарските погранични караули, Шаренка и Порта. На 22 мај 1943 се запленети окоу 20 тина пушки големо количество муниција и друг воен материја. На 24 мај двата одреда Добри Даскалов и Сава Михајлов се здружуваат и делуваат како една честа. На 27 мај 1943 вршат многу успешна акција во селото Драгожел. Понатаму одредот врши уште неколку успешни акции како што се на 3 јуни 1943 во селото Шешково, Драдња и Праведник, а на 5 јуни акција во селото Галиште. Сите овие акции не остануваат незабележани од бугарскиот окупатор кој превзема една голема широка акција позната во историјата како јунска офанзива во која се вклучени 12 илјади бугарски војници, полицајци и контра четници. Одредот има неколку судири меѓу кои борбата во селото Никодин каде загинува Блажо Тодоровски- Чичето, во судирот кај туркови лаки во близина на Клинска леса загинува политичкиот комесар на одредот Добри Дажскалов, Димката Ангелов Габерот, загинува командирот на првата чета Ило Виларов-Сокол, Пано Мударов-Фрањо и активистот од селото Галиште Стојан Крстев. И покрај тоа што одредот му се нанесуваат огромни загуби, бугарскиот окупатор не ја постигнал посакуваната цел, односно не ги уништува двата партизанки одреди. Притоа целиот свој бес го искалуваат врз голоракото население убиени се повеќе од 50-60 луѓе претежно роднини родители на испаднатите партизани. Круна на сите тие ѕверства е стрелањето на 12 сте ваташки момци на 16 јуни 1943 година. Одредот во помали групи се префрлува во Зборско Егејска Македонија каде со грчките партизан и одржуваат голем број тактички маневарски вежби политчки предавања, меѓутоа во помали групи одредот се префрла на територија на тиквешко и гевгелиско, извршуваат акции во селата Трстеник, Бунарче, Радња и во други места. На 24 септевмри 1943 година е формиран вториот батаљон во РМ , Страшо Пинџур, а во него учествуваат во најголем дел борци од Тиквешијата.
Директорот на музеј галеријата информира дека во моментов се иработуваат 24 плочи кои ќе се постават на спомен костурницата, а на кои ќе бидат испишани имињата на 333 паднати борци.
Ангел Данов
Додади коментар