72 години од стрелањето на жители на селата Бесвица и Прждево
06-10-2016 РЕГИОН

Сојузот на Борци од Неготино со положување на свежо цвеќе пред споменикот на Прждевски Лаки и спомен чешмите во селата Бесвица и Прждево денеска се потсети на 6 ти октомври и одбележа 72 години од стрелањето на селаните во двете споменати села.

 

За крвавата одмазда пред присутните членови и симпатизери на сојузот зборуваше Петар Стефанов. Како предвесник на 6 октомври Стефанов раскажа за формирањето на деветтата народноослободителна бригада на 22 август 1944 година, диверзантските акции на железничката линија на потегот од Неготино до Гевгелија и повлекувањето на германските сили од Грција. Ударните минерски групи на бригадата во септември и натрупувањето на германските сили јужно од Гевгелија. Согласно директивата на главниот штаб, штабот на бригадата на 5 ти спрема 6 октомври испланира минирање на железничката линија во должина од 150 метри во месноста Прждевски лаки.Мините беа поставени на одредено место, зафатените вагони беа уништени и загинаа околу 90 војници, а имаше и многу повредени и ранети.Германските војници од првите неуништени вагони брзо се созедоа од шокот зазедоа борбени позиции и почнаа да го пребаруваат теренот околу минираното место. Во нивната акција заробија десетина партизани и ги обесија на околните телефонски столбови со главите надолу раскажуваше денеска Стефанов. Според него крвавата борба продолжила, а германските војници секавично ги блокирале Прждево и Бесвица.

 

Почнале со претрес низ куќите, биле убиени петмина мажи, а шеесетина селани биле одведени на височина над селото.германците пукале во насобраните селани, палеле куќи и го плачкосувале секото. Кога го напуштиле од купот стрелани тешко ранети и извлечени биле. Трајко Колев, Ѓорѓи Стојанов, Тодор Ставров и Лазар Младенов. Во партизанската болница на повредите им подлегнале Трајко и Донка. На 6 ти октомври истата судбина го снајде и селото Бесвица продолжи да раскажува Петар Стефанов од сојузот на борци Неготино.

 

При претрес на селото Германците најдоа динамит и труп на нивни војник, па збеснаа и собраа 43 ца селани кој ги одведоа надвор од селото и ги стрелаа. На овој крвав октомвриски ден во селото Бесвица се стрелани 40 селани од турска националност, а во Прждево 18 селани. На мермерните плочи на спомен чешмите во двете села се испишани имињата на стреланите жртви на квавата фашистичка одмазда заврши Стефанов.

 

Милица Младенова



Share

Додади коментар