Делегации од сојузот на борци Кавадарци и Неготино, претседателката на советот Горица Пелицанова-Вилхелм и советници, претставници на месната заедница „Ќиро Крстев“ и останати претсавници на општествениот живот на Кавадарци и на фамилијата на Ќиро Крстев, денеска положија свежо цвеќе на споменикот на народните херои Киро Крстев и Димче Мирчев, со што се одебелжа 72-та година од нивната херојска смрт.
За животот и делото на двајцата народни херои говореше Марија Михова, кустос-историчар. Таа рече дека на 7-ми април пред 72 години во нерамноправна борба со буграскиот окупатор и домашните предавници херојски загинаа народните херои Киро Крстев и Димче Мирчев.
„Пролетта 1944 год. илегално доаѓа во Кавадарци заедно со соборецот Димче Мирчев за прифат на нови младинци во македонските вооружени ослободителни редови. Во една од куќите каде треба да биде изведен прифатот тие се откриени од бугарските полициски и воени сили кои вршат брзо опколување со големи сили од близу 700 непријателски војници и полицајци. Започнува нерамноправна битка - повеќе од седум часа.Двајцата прават обид да ја напуштат опколената куќа. Само Крстев успева да ја напушти куќата и да го пробие обрачот но по стотина метри смртно е покосен од митралески оган“ рече Михова.
А.Д
Додади коментар