71 година слободно Кавадарци
07-09-2015 РЕГИОН

Делегации составени од градоначалникот на општина Кавадарци, Александар Панов, советници, сојузот на боирци, здруижението на пензионери положија свежо цвеќе на споменикот на револуцијата на градскиот плоштад по повод 7 ми септември- денот на ослободувањето на Кавадарци. Денеска се навршуваат 71 година откако градот е ослкободен од фашистичкиот окупатор и кавадарчани живеат во слобода.

По повод празникот на градот свежо цвеќе беше положено и на спомен бистите на паднатите борци за денешната слобода кои веќе се собрани во паркот на револуцијата.

„Денес пакрот на револуцијата е навистина со таа намена. Ги собравме бистите на сите борци од НОБ. Она што беше ветување кон Сојузот на борци, а не само нивна желба туку и наша, како нивни современици веќе го исполнивме. Тоа што беше мета на вандали го тргнавме во паркот на револуцијата наспроти полицијата. Се надеваме дека тука ќе немаат храброст вандалите да ги оштетуваат. Покажавме дека ги цениме придобивките од слободата која ни ја донесоа нашите претходници. Исто така завршивме и со уште еден проект кон овие луѓе што ја донесоа слободата. Сите имиња жртви во Втората светска војна се испишани на нови плочи. Исправивме една неправда. Сега на плочите се наоѓаат имињата на сите што загинале во војната. Половина од плочите беа искршени, сега се заменети со нови“ рече градоначалникот Панов и упати апел за подомаќински однос кон спомениците, бидејќи како што нагаси, со оштетување на истите, не се прави зло на локалната самоуправа или на Александар Панов , истите се направени со народни пари, а со вандалскиот однос се покажува дека не се почитува слободата која ни ја донесоа тие луѓе.

Градоначалникот Панов упати честитка по повод празникот на градот до сите кавадарчани.

А.Д



Share

Додади коментар