Околу седумдесет отсто од граѓаните на Кавадарци веќе имаат електронска здравствена картичка, а околу 20 отсто биле изработени и се наоѓаат во подрачната единца на ФЗОМ.
Овие податоци денеска ги соопшти директорката на ФЗОМ, Маја Парнарџиева –Змејкова при посетата на Кавадарци. Таа апелираше до сите граѓани кои сеуште не поднеле барање за издавање на електронска картичка да го сторат тоа во најкраток рок, а за старите и изнемоштени лица понуди помош, барањата да им бидат земени од своите домови.
„На ниво на Република Македонија во моментот еден милион картички се поделени или помалку од 60 проценти граѓаните имаат ЕЗК. Сите кои не поднеле да поднесат барања рокот е до декември“ рече Парнаџиева-Земјкова и најави дека здравствените легитимации ќе заминат во историја кон крајот на февруари или почетокот на март.
„ ЕЗК во моментоит се користи комбинирано. За тој што има ЕЗК, Фондот не издава сини картони, но сеуште на преглед се оди и со здравствените легитимации. Да се договориме со матичните леакри дали од февруари или март фондот ќе ги укине здравствените легитимации и ЕЗК целосно ќе се користат и ќе се оди од една во друга устаниова.“ изјави директорката на ФЗОМ која денеска се сретна со здравствените работници во Кавадарци, вработените во подрачната единица на ФЗОМ и со градоначалникот.
Градоначалникот Александар Панов побарал од директорката на фондот да се створат услови селото Дреново да добие матичен лекар.
„Неколку месни заедници останаа без матичен лекар и ги менаџиравме тие проблеми. Издвојуваме средства од оперативниот буџет на општината. Директорката зема обврска да ја преиспита оддалеченоста на Дреново до најблсиката здравстевна органзиација.“ рече Панов.
Тој е оптимист дека Дреново ги исполнува условите и жителите на ова село ќе можат да добијат матичен лекар кој ќе работи во селото. На овој начин, матичен лекар ќе добиеле и жителите на селото Возарци кое е во непосредна близина на Дреново.
Ангел Данов

Додади коментар