Седумдесет години од ослободувањето одбележа Кавадарци вчера. Седум децении расте и се развива градот кој од 7.000 жители по ослободувањето во 1944 година прерасна во современ град со над 30.000 жители каде земјоделството и стопанствотосе движечката сила ма екомомскиот развој. Кавадарци денеска е современ центар на Тиквешијата, втор по економски развој во Република Македонија, град кој веднаш по Скопје учествува со најголем процент во создавањето на бруто домашниот производ. Кавадарци е град на грозјето и виното, никелот металната и автомобилската индустрија.
По повод денот на ослободувањето вчера советот на општина Кавадарци одржа свечена седница на која присуствуваа голем број граѓани и гости од збратимените градови.
За истроискиот развој на Кавадарци говореше градоначалникот Алекснадар Панов. Рече дека борбата за слободно Кавадарци траела од секогаш.
Претседателката на советот Горица Пеливанова Вилхелм ги поздрави присутните и ги претстави годинашните добитници на највисокото општинско признание, наградата 7 ми септември. Годинава за придонес во културата седмосептемвриско признание доби радио водителот Душко Стефанов, за придонес во јакнење на невладиниот сектор признание му беше доделено на инспектрот за превенција во кавадаречката полиција Димитар Каракулев, а постхумно за развој на спортот наградата 7 ми септември му беше доделена на Тодор Белевски, спонзор на кошаркарскиот клуб „Тиквеш флорида“.
Наградените се заблагодарија за наградата и рекоа дека истата ги обврзува да продолжат и понатаму со своите активности. Свечената седница беше надополнета и со културно уметничка програма. ( повеќе во видео изданието на вестите)
Ангел Данов

Додади коментар