Директорот на кавадаречката болница, д-р Диме Коцев честитајќи го светскиот ден на здравјето на сите здравствени работници информираше и за состојбата со ковид 19 во болницата.
„Во моментов се хоспитализирани 70 пациенти. Имаме згрижено и пациенти од Градско и Валандово бидејќи најблиските болници се преполни. Имаме капацитет, и секој на кого му е потребно болничко лекување ќе биде згрижен. Во изминатата година во нашата инфективна амбуланта се извршени над 10.000 прегледи, а за шест месеци, колку што работи ковид центарот се лекувани над 740 пациенти. Тоа е статистика, но за нас, здравствените работници тоа не се само бројки. Ова се судбини, ова е борба за секој човечки живот. “ рече д-р Коцев.
Тој информира дека вакцинацијата се спроведува без проблеми и досега се вакцинирани 80% од граѓаните на возраст над 77 години кои имале закажано термин за вакцинирање.
А.Д
Додади коментар