И годинава пред почетокот на сезоната на грип кавадарчани пројавија голем интерес да се заштитат од грип. Веќе една недела се спроведува имунизација во Центарот за јавно здравје и од таму информациите говорат дека заклучно со денешниот ден се вакцинирани 650 лица.
„Најголем интерес за вакцинација покажаа лицата постари од 65 години, потоа следуваат хронично болните, па останатите граѓани кои се изложени на чести контакти поради своите работни обврски. Годинава имавме на располагање 720 дози, од кои веќе 650 се потрошени. Имаме нарачано дополнително уште 50 дози“ рече д-р Ристе Јовановски, епидемиолог од Центарот за јавно здравје Кавадарци.
Тој нагласува дека вакцинација ќе се врши се додека има интерес и дека за сите заинтересирани ќе има вакцина. Имунизација може да се врши две до три недели пред почетокот на сезоната на грип.
Ангел Данов

Додади коментар