65 годишна кавадарчанка позитивна на Ковид 19
03-06-2020 РЕГИОН
Во текот на вчерашниот ден ( во вечерните часови) е регистриран уште еден позитивен случај од Корона вирус ( CoVid - 19) во Кавадарци, информираат од кавадаречката болница. Подолг период во Кавадарци немаше нови заболени.
 
Во конкретниот случај се работи за 65 годишна пациентка од Кавадарци . Од почетокот на епидемијата до сега ова е шести случај во Кавадарци.
 
 
„Веднаш по добиениот резултат, контактиран е нашиот инфектолог. Утврдено е дека пациентката во овој момент нема никакви симптоми на болеста и се чувствува добро. Поради тоа, кај истата е даден совет за домашно лекување во траење од 14 дена , со назнака да биде во секојдневен контакт со матичниот лекар и за било каква промена да се консултира инфектолог.
Во ЦЈЗ Кавадарци  извршена е епидемиолошка анкета за лицето, контактите се веќе утврдени и истите по протокол се упатени во домашна самоизолација, во траење од 14 дена“ стои во соопштението од болницата.
 
Според информациите од епидемиологот во Центарот за јавно здравје, д-р Ристе Јовановски, засега е непознато на кој начин оваа жена се инфицирала со вирусот.
А.Д


Share

Додади коментар