Советот на општина Росоман вчера ја одржа шеснаесетата редовна седница.Дадениот дневен ред беше дополнет со предложените точки од претседателот на советот и градоначалникот, а се однесуваат на измените во правилникот за внатрешно работење на детската градинка Праскичка, измените за распределбата на средствата од буџетот за истата, како и предлогот за донесување одлука за помош на Србија и Босна.
Прелог извештајот на комисијата за финасии и буџет, вклучувајќи ја и одлуката за донесување на кварталниот извештај и поднесените барања пред советниците го изнесе советничката Маја Миленовиќ инаку претседател на комисијата.Одлука и зелено светлно од советниците и градоначалникот за промена на инвентарот во советничката сала особено замена на старите со нови столчиња побара претседателот на советот Марјанчо Пенчев со образложение дека истите се доста стари и дотрајани.
Ваквиот предлог на Пенчев едногласно беше прифатен, а извештајот на комисијата за финансии и буџет беше донесен со 5 гласа за 1 против и 3 воздржани. Советникот Јованче Јошев инаку претседател на комисијата за урбанизам и комунални дејности зборуваше за извештајот врз одлука на донесени барања за бесправно изградени објекти.Истиот без дискусии и забелешки советниците го усвоија едногласно, а едногласно беше усвоен и извештајот на комисијата за образование култура и спорт за кој детално говореше претседателот, советникот Ристо Јошев кој потенцираше дека годинава за манифестацијата Духовден фест Праскобер 2014 од буџетот се предвидени 250.000 денари, а настаните ќе се одржуваат три дена. На 6 јуни ќе бидат реализирани спортските натпревари, на 7 ми фолклорните настапи на културните друштва и промоција на книга, а на 8 ми е закажан традиционалниот панаѓур.
Предлогот на комисијата рековме беше прифатен од советниците едногласно, но со иницијатива во рамки на дозволеното да се заштеди на дел од предвидените пари, како останатата сума дополнително би се донирала за Србија и Босна. Едногласно беа донесени и одлуките за измена на правилникот и пренеманата на средствата за детската градинка Праскичка за кој детално од говорница образложение даде Ратко Стаменов раководител на секторот за финансии при Локалната Самоуправа. На крајот од седницата без дискусии и едногласно беше прифатен и предлогот на градоначалникот Стојанче Лазов во висина од 60.000 денари средства од буџетот да се набават потребните главно прехранбени продукти и средства за хигиена кој ќе бидат испратени до настраданите во Србија и Босна како помош од ЛС Росоман.
М.Младенова
Додади коментар