Едногласно советот на општина Кавадарци денеска го усвои кварталниот извештај за извршувањето на буџетот за вториот квартал од оваа година. И годинава стопанско туристичката манифестација Тиквешки Гроздобер во Кавадарци нема да се одржи. На денешната седница на кавадаречкиот совет програмата за манифестацијата беше изземена од расправа. Како што образложи претседателот на советот, Ристо Сакалиев, изземањето е поради мерките за заштита од ковид.
Поради истата причина оваа манифестација не се одржа и минатата година.
Советот го усвои и елаборатот за направената проценка на штета од елементрната непогода – голомразица која го зафати кавадаречко во почетоткот на месец април. Беа именувани нови претставници на општината во училишните одбори на трите средни училишта во Кавадарци.
Со 16 гласа против, два „за„ и еден воздржан советот не даде зелено светло на одлуката за склучување на анекс кон договорот за долгорочен кредит и задолжување на подвижен имот донесена од управниот одбор на ЈП Комуналец.
Едногласно поминаа програмите за работа на основните училишта и извештаите за извешена самоевалуација и извештајот за работењето на ЈП Паркинг за период од 1 јануари до 30 јуни годинава.
A.Д
Додади коментар