Жена на возраст од 59 години од Кавадарци е позитивна на корона вирус, потврдија денеска од Центарот за јавно здравје Кавадарци.
„Заболената била во контакт со веќе позитивен и е со симптоми. Останува на домашно лекување“ рече епидемиолог д-р Ристе Јовановски.
Податоците од ЦЈЗ Кавадарци покажуваат дека од почетокот на епидемијата заклучно со денес евидентирани се 202 заболени од ковид 19. Излекувани се 173 пациенти. Во моментов активни се 27 случаи, а починати се две лица, од кои едниот е албански државјанин.
Во Росоман вкупно заболени се 7 лица, шест се излекувани, а активен е еден случај.
39 заболени се евидентирани во Неготино од почетокот на епидемијата. Излекувани се 32 лица, активни се 5 случаи, починале 2 лица.
Во Демир Капија евидентирани се 11 заболени и сите се излекувани.
А.Д
Додади коментар