Во изминатото деноноќие повторно е дијагностициран висок број на нови позитивни на корона вирус во Тиквешијата, покажуваат податоците од ЦЈЗ Кавадарци до 13.40 часот. Евидентирани се 54 нови случаи во регионот на возраст од 20 до 74 години.
„32 позитивни нови случаи има во Кавадарци, 11 во Неготино, 9 во Росоман и 2 во Демир Капија. Меѓу позитивните има еден здравствен работник од Кавадарци и една воспитувачка во кавадаречка градинка. Позитивната од градинката е од групата со деца кои веќе од вчера се во изолација поради други позитивни случаи“ информира епидемиолог, д-р Ристе Јовановски.
Во кавадаречката болница на ковид одделот има двајца починати, на возраст од 78 и 83 години. На одделот се хоспитализирани 42 пациенти со средно-тешка клиничка слика и има слободни уште 18 болнички кревети.
А.Д

Додади коментар