54 нови дијагностицирани со Ковид 19, оздравени 42 лица и шест починати
14-04-2020 РЕГИОН
„Денеска имаме нови 42 лица оздравени од коронавирусот, се надевам дека овој број ќе продолжи брзо да расте. Со два негативни теста и во добра општа состојба од Инфективната клиника се испишани 10 оздравени пациенти, а регистрирани се и 32 оздравени пациенти (12 од Дебар и 20 од Скопје) кои се лекуваа во домашни услови “ информира министерот за здравство, Венко Филипче.
 
 
Во изминатите 24 часа се потврдени 54 нови случаи на Ковид-19. По градови:
 
 
- Скопје -13
- Куманово -25
- Штип - 1
- Прилеп - 10
- Тетово - 1
- Велес - 2
- Гостивар - 1
- Кичево - 1
 
 
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 908 лица.
 
 
За жал, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје починаа 4 пациенти на возраст над 60 години, од кои двајца пациенти од Лабуништа, еден пациент од Прилеп и еден од Куманово. Во Болницата „8 септември“ починаа 2 лица, пациент од Велес (67г) и пациент од Куманово (59г).


Share

Додади коментар