И понатаму високи бројки покажува статистиката на Центарот за јавно здравје Кавадарци за нови позитивни на корона вирус во Тиквешијата. Во изминатото деноноќие се дијагностицирани 53 нови случаи во тиквешкиот регион
„Во Кавадарци има 33 нови случаи, пет во Росоман, 14 во Неготино и еден во Демир Капија. Меѓу нив има и тројца здравствени работници. Сите нови позитивни се на возраст од 20 до 79 години. Има еден починат пациент на 83 годишна возраст од Росоман“ информира епидемиолог д-р Ристе Јовановски.
На ковид одделот во кавадаречката болница во изминатите 24 часа е примен еден нов пациент, а вкупно се хоспитализирани 56 пациенти.
„Сите хосиптализирани се во стабилна општа состојба“ информира директорот на болницата, д-р Диме Коцев.
А.Д
Додади коментар