Општина Неготино на 11 овој месец објави јавен повик за сите кои се заинтерсирани да учествуваат во обуки за пчелaрство што ќе се имплементира во рамките на проектот „ Поддршка и развој на економијата на пчелните производи во прекуграничната област „ Bee-conomy” што е ко-финансиран преку програмата Грција-Македонија.
„ Во овој проект на Македонија и Грција ќе бидат опфатени 50 лица кои ќе посетуваат обуки за пчеларство. Станува збор за два циклуса на обуки, од кои 25 лица актуелни пчелари ќе се обучуваат за што поквалитетно производство на мед и 25 лица почетници кои ќе посетуваат обуките за почетници “- вели портпаролот на општина Неготино Методи Митрев.
Пријавувањето трае до петок 22 јули до 16 часот, а сите заинтересирани апликациите можат да ги подигнат и достават до одделението за ЛЕР во општина Неготино. Апликациите ќе бидат разгледувани од 22 до 25 јули, а ќе ги оценува петчлена комисија која ќе даде поединечно мислење за секоја апликација.
Имајќи предвид дека цената на медот досигнува и до 300-350 денари по килограм, Митрев додадва дека ова е одлична можност за сите невработени лица кои ќе го посетат овој курс да продолжат со свој бизнис, односно да се регистрираат како индивидуални производители на мед во општина Неготино.
Mаја Алексовска
Додади коментар