50 години од разорниот земјотрес во Скопје

Скопје и Македонија денеска ги чествуваат 50-те години од земјотресот кој во само десетина секунди одзеде над илјада животи, разурна десетици илјади домови и ја престори престолнината во град на тага и солзи. Но, земјотресот стана инспирација за иднината и тоа во што Скопје сега се воздигнува.

Земјотрес со интензитет од 9 степени според меркалиевата скала во 05,17 часот на денешен ден пред 50 години го разбуди и го разурна Скопје. Во катастрофата животот го загубија 1.070 граѓани, над 4.000 беа повредени, целосно беа урнати 15.800 станови, а 28.000 оштетени.

Апаратите на сеизмолошката опсерваторија регистрирале ушпте два силни потреси во наредните часови кои го разурнале она штои останало по првиот, насилен удар на земјотресот. До крајот на денот биле регистрирани уште 122 потреси, односно вкупно 411 поместувања на тлото под Скопје до крајот на 1963 година.

Според расположливите податоци, во Скопското епицентрално подрачје освен силниот скопски земјотрес од 1963г., се имаат случено уште два разорни земјотреси, во 518 и 1555 година.



Share

Додади коментар