Минатата година биле испитани 547 мостри вода за пиење.
„Од испитаните мостри, 409 биле од градскиот водовод Лукар, градска мрежа,стопански организации и села приклучени на градскиот водовод биле исправни како физичко-хемиски, така и бактериолошки, со што водата била исправна за пиење. Околу 96 мостри од вода за пиење земени од селските локални водоводи од кои само кај неколку се врши дезинфекција на водата односно хлорирање, а останатите се оставени сами на себе , покажуваат голема бактериолошка неисправност и тоа од 60 до 90 проценти. Кај останатите 58 мостри земени од други водоводни објекти (природни чешми и бунари), водата покажува исто така висок процент на бактериолошка неисправност од 70 до 80 отсто“ информира д-р Трајче Ризов, специјалист по хигиена.
Тој вели дека кај бактериоолошки неисправните мостри на вода биле изолирани бактерии, најчесто ешерихија коли и колиформни бактерии, кои предизвикуваат заразни цревни заболувања.
Се препорачува да се изврши асанација на сите локални селски водоводи и да се спроведе редовно дезинфекција, односно хлорирање на водата, за да се добие безбедна вода за пиење и кај ова 5 отсто од населението./А.Д
Додади коментар