Министерството за здравство информира дека денеска од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби со два негативни теста на Ковид-19 се испишани 3 оздравени пациенти, двајца од Тетово и еден од Куманово. Два пати негативен и оздравен е пациент од Скопје кој се лекуваше во домашни услови.
Во изминатите 24 часа направени се рекордни 496 тестирања на Ковид -19, при што се регистрирани 48 нови случаи, позитивни на вирусот.
По градови: Скопје -11, Куманово – 25, Штип -1, Прилеп – 4, Тетово – 1, Струга – 3, Охрид -1, Гостивар -2.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 711 лица.

Од 496 тестирање, преку ИЈЗ се направени 353, преку Ветеринарен факултет –9, Авицена –14 , Биотек –24 и Фипил Втори (Жан Митрев) –96. Досега во земјата се направени 7.067 тестирања на Ковид-19.
Министерството за здравство информира дека резултатите од тестот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев се очекуваат околу 16 часот, по што министерот Венко Филипче ќе одржи прес конференција да ги соопшти деталите, како и да информира за состојбата и актуелните прашања со коронавирусот во земјата.











Додади коментар