48 нови позитивни на корона вирус во Тиквешијата - еден починат во Кавадарци
23-11-2020 РЕГИОН

Во континуитет расте бројот на нови позитивни случаи на ковид 19 во тиквешкиот регион. Денеска се дијагностицирани 48 нови случаи.

 

* Кавадарци   25  на возраст од 19 до 67 години

* Росоман         1  на возраст од 53 години

* Неготино      20  на возраст од 17 до 54 години

*Демир Капија   2 на возраст од 43 и 44 години

 

„Дијагностицирано е и позитивно дете од градинка во Неготино. Поради тоа во изолација се 13 деца, една воспитувачка и една негователка“ информира епидемиолог д-р Ристе Јовановски.

 

Во текот на вчерашниот ден во Кавадарци беа дијагностицирани 26, а во Неготино 22 нови позитивни на вирусот.

 

Заклучно со вчера, во Кавадарци активни се 452 случаи, а вкупниот број на регистрирани позитивни е 1056 од почетокот на пандемијата. Во Неготино има активни 289 случаи.

 Во кавадаречката болница на ковид одделот се хоспитализирани 39 пациенит и има слободни 21 кревет.

А.Д



Share

Додади коментар